Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Без Мораес против РНЛ, се враќа во строј Циндриќ
Без Мораес против РНЛ, се враќа во строј Циндриќ

Без Мораес против РНЛ, се враќа во строј Циндриќ

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес сеуште неможе да смета на целиот ростер во Лигата на шампионите. На минатонеделниот натпревар против Рајн Некар во Скопје недостасуваа Циндриќ и Мораес, овој пат во Германија ќе недостасува повторно Мораес. Кружниот напаѓач на црвено – црните нема да може да настапи на неделниот натпревар поради повреда, од друга страна добра вест е што Циндриќ се враќа во строј.

Поради повредата на бразилецот, се отвара повторно голема можност за Стоилов и Марсениќ. Токму Стоилов тоа го искористи минатиот натпревар постигнувајќи три погодоци.

Останува да видиме како овој пат ќе одиграат нашите двајца кружни напаѓачи во Германија. Натпреварот утре ќе започне со почеток во 19.00 часот.