Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Македонија М14 од денес почнува со настап на “Словенија Бол“
Македонија М14 од денес почнува со настап на  “Словенија Бол“

Македонија М14 од денес почнува со настап на “Словенија Бол“

Mомците од  националната селекција М14, имаат активности и ова лето. Cелекторот Дарко Димитријевиќ во својот план и програма за работа предвиде неколку селективни тренинзи во главниот град, како и редовни тренинзи на кошаркарите родени 2005 и помлади. Сите активности водат кон настап на меѓународниот турнир, пандан на Европско првенство, кој традиционално се одржува во Словењ Градец, Словенија. Во оваа селекција играат двајца вардарци, Бојан Величковски и Бојан Ивановски. 

Hашите млади репрезентативци ќе земат учество на петнаесеттото издание на овој меѓународен турнир, кој ќе се одигра од денес, 22. август до 25. август.

Покрај нашата национална селекција пријавени се и соодветните селекции на Бугарија, Хрватска, Унгарија, Израел, Италија, Црна Гора, Полска, Украина и организаторот Словенија.

Момците на Димитријевиќ се сместени во групата А заедно со Бугарија, Израел, Црна Гора и организаторот Словенија. Во групата Б сместени се селекциите на Хрватска, Унгарија, Италија, Полска и на Украина.

Покрај нашата селекција, на турнирот ќе ‘учествува’ и наш млад судија, Мартин Деспотовски.

Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала „Gimnazija gym“ како и во „Sports Hall“ каде ќе се одиграат и натпреварите од плејоф фазата на турнирот. Сите натпревари од втората фаза на турнирот (разигрување за пласман) ќе бидат пренесувани во живо на YouTube (livestream).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
22.08.2019
9:00h Црна Гора –  Македонија  „Gimnazija gym“
14:30h Македонија – Израел  „Gimnazija gym“

23.08.2019
14:30h Бугарија –  Македонија  „Sports Hall“
20:15h Македонија – Словенија   „Sports Hall“

24.08.2019-25.08.2019 Плејоф фаза, разигрување за пласман