Денес се комплетираше третото коло во групите Ц и Д, на Европското првенство во Хрватска. Веќе се познати и репрезентациите кои го продолжуваат патот на ЕП и ќе се борат за највисок пласман. Во хрупата Ц, тоа се селекциите на Македонија, Германија и Словенија, додека во групата Д, понатаму се пласираат Шпанија, Данска и Чешка. Токму овие шест репрезентации ќе ја сочинуваат едната новоформирана група.
Македонија ќе ги започне натпреварите во следната фаза од првото место на табелата. Ние успеавме да ја победиме Словенија и да одиграме нерешено со Германија, што значи имаме три бодови. Германија ќе пренесе два бода ( од двата нерешени резултати против Словенија и Македонија), додека Словенија ќе има само еден бод ( оној од ремито со Германија). Од групата Д, сите три селекции ќе стартуваат со по два освоени бодови. Шпанија вечерва загуби од Данска, претходно Данска загуби од Чешка, а пак Чешка загуби од Шпанија. Во оваа група Унгарија имаше три порази. Тоа значи дека Македонија стартува од првата позиција, со што имаме добри шанси да се пласираме во полуфиналето, но патот ќе биде многу тежок, со оглед дека не очекуваат три тешки натпревари.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО СЛЕДНАТА ФАЗА:
21 јануари
МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА
23 јануари
МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА
24 јануари
МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА