Македонија успеа и во третиот натпревар на ЕП да остане непоразена. После двете победи против Словенија и Црна Гора, избраниците на Раул Гонзалес одиграа со нерешен резултат во дуелот со Германија. На тој начин завршивме на првото место во нашата група и во следната фаза ќе пренесеме три бодови.
По завршување на натпреварот, на својот фб профил со емотивна порака се обрати Стојанче Стоилов кој имаше удар за предност, но неговиот удар го одбрани голманот на Германија.