Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА НЕПОРАЗЕНА, СО ТРИ БОДА ОДИМЕ ВО СЛЕДНАТА ФАЗА, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ, САМО ХРАБРО!
МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА НЕПОРАЗЕНА, СО ТРИ БОДА ОДИМЕ ВО СЛЕДНАТА ФАЗА, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ, САМО ХРАБРО!

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА НЕПОРАЗЕНА, СО ТРИ БОДА ОДИМЕ ВО СЛЕДНАТА ФАЗА, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ, САМО ХРАБРО!

Репрезентацијата на Македонија на ЕП во Хрватска остана непоразена, во еден инфаркт натпревар за жал Стоилов промаши зицер за победа, потоа и Германија неискористи напад па така натпреварот заврши нерешено 25-25 (11-12). Во следната фаза Македонија пренесува три бода што се одлични.
Браво за нашите момци!

Првите 30. минути нашата селекција ги одигра добро иако имаше еден гол негатива. Почетните 10. минути во целост му припаднаа на нашиот црвено – жолт тим, со седум играчи во нападот, Македонија воглавно преку Стоилов и Пешевски ја контролирше играта со два до три голови предност. Кон средината на првиот дел почна падот во нашата игра, со неколку промашувања на Георгиевски и Лазаров, Германија дојде до предност од два гола 9-7 во 20. минута. Потоа во серија влезе Ристовски со четири одбрани едно по друго за намалување на предноста на Германија на еден гол, за егал празен гол не погоди Манасков па така на пауза се замина со еден предност за Германија 12-11. Во првиот дел Стоилов постигна два гола, а пак деби настап имаше и Поповски.

Вториот дел започна добро за нашиот тим, во 33. минута Македонија дојде до водство од 14-13. Добрата игра на Македонија продолжи и во текот на следните десет минути па така со една одлична игра пред се во нападот Македонија дојде до предност од 19-16 во 42. минута. Ова беше доволен знак за Германија да побара минута одмор. До овој момент Стоилов постигна три гола од исто толку обиди, Поповски имаше еден удар кој за несреќа заврши во стативата од голот од Волф. Во следните минути со серија од 2-0 противникот дојде до 19-18. Серијата на Германија ја прекина Лазаров со петтиот погодок за 20-18 во 47. минута. Во последните десет минути од дуелот се решаваше победникот, влеговме во последниот напад и последната минута за да се реши победникот, во последниот напад Стоилов утна зицер за победа, исто така и Германија го промаши последниот напад за конечни 25-25.