Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК КАРПОШ ОД КУМАНОВО Е ОСВОЈУВАЧ НА ЗИМСКИОТ ТУРНИР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВАРДАР, ТРЕТОТО МЕСТО Е ЗА РК ИЛИНДЕН
РК КАРПОШ ОД КУМАНОВО Е ОСВОЈУВАЧ НА ЗИМСКИОТ ТУРНИР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВАРДАР, ТРЕТОТО МЕСТО Е ЗА РК ИЛИНДЕН

РК КАРПОШ ОД КУМАНОВО Е ОСВОЈУВАЧ НА ЗИМСКИОТ ТУРНИР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВАРДАР, ТРЕТОТО МЕСТО Е ЗА РК ИЛИНДЕН

Екипата на РК Карпош од Куманово е освојувач на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“, кој изминативе два дена се играше во спортскиот рекреативен центар Кале. Тие во големото финале по голема борба како што му доликува на едно финале беа подобри од екипата на Бисинов, совладувајќи ја минимално со резултат.

Дека се играше израмнет натпревар говори фактот дека во текот на целото прво полувреме, ниту една од екипите не успеа да има поголема предност од еден гол. Карпош и Бисинов постојано се менуваа во водство, но не успеваа резултатски да се одлепат. Сепак по истекот на првите 15 минути, екипата на Карпош имаше минимална предност од 10:11.

На самиот старт на второто полувреме, избраниците на Наташа Младеновска-Ѓорѓевиќ постигнаа гол и за прв пат поведоа со два гола предност (10:12). Сепак следи брз одговор на Бисинов, кој повторно носат израмнување на резултатот. Двете екипи исцрпени од напорните два дена, се обидуваа да ги дадат последните сили за да се израдуваат на големиот трофеј. Долго време се играше гол за гол, а Карпош се покажа како повеќе свеж во финишот на мечот, кога прави исчекор кон победата, тие успеаа на неколку минути пред крајот да стигнат до предност од 16:18. Се беше јасно кога резултатот на семафорот гласеше 17:20, а со цепелин гол, Бииснов го аврши финалето, за конечен резултат од 18:20. Најефикасен кај победникот беше повторно Давид Димевски, кој постигна пет голови.

Заслужено освоено прво место за Карпош, кој имаше пет победи од исто толку одиграни натпревари на турнирот. Од големо значење и пред се искуство за овие момци што покрај себе имаат тренер, во поранешната репрезентативка на Македонија, Наташа Младеновска-Ѓорѓевиќ која својата работа во оваа школа ја демонстрира на најдобар можен начин.

Во машкиот дел на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ , третото место и припадна на екипата на Илинден, која во малото финале го совлада ГРК Гостивар.

Гледавме многу неефикасно прво полувреме, кога резултатот по истекот на првите 15 минути беше 5:6 за екипата на Гостивар. И двете екипи влегуваа во грешки, а Гостивар стигна и до два гола разлика (3:5). Многу поубедливо издание на Илинден во второто полувреме, кога и го покажа својот квалитет со кој располага. Последното израмнување беше при резултат 6:6, кога избраниците на Дарко Јанев направија серија од 5:1 и резултатски се одлепија на предност од 11:7. По тоа двете екипи постигнаа по еден еден гол, за до крајот на мечот, Илинден да одигра перфектно и да го заврши мечот со убедлив триумф од 19:9. На тој начин екипата на Илинден успева да го освои третото место на турнирот.

1 2 3-2 3 4 5 6 7 26734259_1566671140046393_4313039628218670043_n