Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките на РК Кале шампиони, тие во финалето го совлада тимот на Ѓорче Петров, “бронзата“ за РК Делчево на зимскиот турнир
Девојките на РК Кале шампиони, тие во финалето го совлада тимот на Ѓорче Петров, “бронзата“ за РК Делчево на зимскиот турнир

Девојките на РК Кале шампиони, тие во финалето го совлада тимот на Ѓорче Петров, “бронзата“ за РК Делчево на зимскиот турнир

Денес заврши натпреварувачкиот дел  за пласман  од првото до четврто место  кај дамите на турнирот кај генерација 2004/2005 на  овогодинешниот Зимскиот турнир на РК Вардар „Еден живот, една љубов″ кој се одржува по четврти пат.  Дамите играа во  салата на СЦ „Гоце Делчев″ во Илинден, денес го добивме новиот шампион на зимскиот турнир, тоа е екипата на РК Кале Кичево, тим кој ја одбрани ланската круна. Втори беа РК Ѓорче Петров, а “бронзени“ се  РК Делчево Вардар.

РК Кале Вардар

РК Кале Вардар

Конечно по одиграни четири натпревари во петтиот за нив, финален дојде мечот за најважното одличје за екипите на Ѓорче Петров Вардар и Кале Вардар од Кичево. Во овој дуел кичевчанки  победија со одлично издане во вториот дел и дојдоа до злато, тие триумфираа со резултат 14-8. Најпрвин со два последователни гола поведе на почетокот тимот од Кичево, а потоа скопскиот тим врати со иста мерка и изедначи на 2-2.  Се играше цврсто во првото полувреме на ова големо финале, двата тима беа близу па во последната минута влегоа со резултатска симетрија 5-5. Во последните моменти екипата на РК Кале успеа да даде гол и на одмор замина со предност од 6-5.

РК Ѓорче Петров Вардар

РК Ѓорче Петров Вардар

Вториот дел беше сосема различен од првиот, па така по првиот погодок на скопјанки со кој изедначија на 6-6 следеше страшен пад во нивната игра. Тоа го искористи тимот на РК Кале Кичево кој со серија  8-0, го највави триумфот и победата во ова големо финале кај дамите во генерација родени 2004 и 2005 година. По ова водство се беше решено, скопјанки само го ублажија поразот во финишот од дуелот.  Емине Ајрадини и Сара Стефаноска кај Кале имаа по пет гола,  кај поразените Гркоска Јана имаше три гола.

26734056_2090365197859003_7746704553068327856_n

РК Делчево Вардар

Во дуелот за “бронза„ екипата на РК Делчево  Вардар дојде до победа и 3-то место во средбата со РК Опш. Кисела  Вода Вардар. Девојките на Горан Велков триумфираа со  високи 18-5 на оваа ракометна средба.  Скопјанки на почетокот со гол поведоа на овој дуел, со 0-1 тоа беше прво, но и последно водство за на нив денес.  Следеше пеколна серија на делчевки од 7-0, со која се одлепија на “плус шест“ односно 7-1. Потоа девојките од Кисела Вода во финишот намалија на 7-2. Сепак екипата од истокот на земјава на одмор замина со шест гола позитива, 8-2.

88

Вториот дел  почна со по еден гол на двата тима во противничката мрежа, па по 3.минути игра резултатот беше  9-3. Следеше период во кој двете екипи беа рамноправи, постигнувајќи по два погдоци во противничката мрежа за резулат 11-5, некаде на средината од втоориот дел. По овој резултат   па се до крајот играше еден тим, со нова серија 7-0 екипата на Горан Велков дојде до победа и брозна со резултат 18-5. Кај победникот Спасевска Д. имаше 8 гола, кај поразените Аловиќ М. постигна три погодоци.