Веќе зад нас е “кугларска европа“ пред пет дена заврши настапот на кугаларскиот клуб Вардар во Болцано-Италија каде се одигра најквалитетното кугларско натпреварување “Светскиот куп“, тоа беше собирот на најдобрите 14 екипи на планетава. Сепак тоа е зад нас, за нас има нови фокуси сега, почнуваат нови предизвици за во Македонската кугларсак лига викендов.
Овој викенд на програмата е новото коло од сезоната 2016/2017 во македонската кугларска конкуренција. Вардар во првото коло игра дерби. Мечот ќе го играме дома во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје. Во сабота на 15-ти октомври домаќини сме во кугларницата “Мусандра “ која од оваа сезона е наш домашен терен единствениот конкурент за титулата КК Макпетрол. Дербито ќе одреди многу што за понатамошниот тек од борбата за титула. Големо искуство собравме во Италија каде вкупно беа соборени на “Светски куп “ 3473 “дрва“. Тоа беше доволно за 11 место, за жал САМО 39 “дрва“ ни фалеја за 8-та позиција која ќе не водеше во Лигата на шампионите. Тие овој настап го оценуваат како успешен, и велат дека настапот е според очекувањата.