Младинците на ФК Вардар стигнаа до својата седма првенствена победа од исто толку одиграни мечеви. Избраниците на Љупчо Марковски беа убедливи на гостувањето во Гостивар, против истоимената екипа совладувајќи ги со високи 0:7. Ова инаку беше меч во рамките на заостанатото шестто коло во лигата. Црвено-црните беа за класа подобри од противникот и тоа го докажаа на теренот со седум погодоци во противничката мрежа. Еден од тие голови беше дело и на Ристо Папуџиев.
-Во гостивар беше лесно гостување, имавме многу шанси кои ги претворивме во голови. Игравме добро и победивме. Резултатите до ова седмо коло се одлични со оглед на тоа дека имаме 7 победи од 7 натпревари. Задоволен сум од тоа што играме и победуваме секогаш. Постигнав 2 погодоци и се надевам дека ќе продолжам да постигнувам голови и помогнам на тимот да победуваме. Вардар е најдобриот клуб во Македонија и среќен сум бидејки играм за најтрофејниот клуб.
Папуџиев дојде на почетокот на сезоната од екипата на Академија Пандев и се смета за големо засилување на Вардар.
-Иако е нова средина за мене мислам дека добро се вклопувам. Конкуренцијата во овој клуб е голема, но сепак се трудам да се покажам во најдобро светло и да ја стекнам довербата на тренерот за добивање на повеќе шанси во почетниот состав. Мислам дека сме фаворити за освојувајње на лигата и купот на Македонија. Прекрасно е чуството кога се победува, но уште поубаво е кога млади играчи освојуваат двојна титула. Верувам дека ќе дадеме се од себе за освојување на двојната круна, изјави Ристо Папуџиев за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски