Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Проблеми за Вардар, малата сала “Кале“ не ги исполнува условите за првата лига
Кошарка: Проблеми за Вардар, малата сала “Кале“ не ги исполнува условите за првата лига

Кошарка: Проблеми за Вардар, малата сала “Кале“ не ги исполнува условите за првата лига

Повратникот во Првата кошаркарска лига, КК Вардар се најде во неочекувани проблеми на нешто повеќе од две недели пред почетокот на првенството. Македонската кошаркарска федерација, односно спортскиот директор Владимир Темелковски се категорични дека дека Вардар не може да игра во својата сала Кале бидејќи таа не ги исполнува пропишаните услови.

Станува збор за малата сала од Спортско рекреативниот центар, позната како Кале 2 која “црвено-црните” ја имаат под концесија и таа беше нивен дом последните години. Таму, Вардар играше и претходниот пат кога беше дел од елитата, во сезоната 2016/17. Постојат две опции за вардарци, реновирање на малата сала или настап во големата сала при С.р.ц “Кале“ наскоро раководството на клубот треба да одреди во која насока ќе се одвиваат работите.