Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Следниот противник на Вардар, тимот на Кристијанштад стигна до четвртата последователна победа во шведската лига
Следниот противник на Вардар, тимот на Кристијанштад стигна до четвртата последователна победа во шведската лига

Следниот противник на Вардар, тимот на Кристијанштад стигна до четвртата последователна победа во шведската лига

Следниот противник на Вардар во Лигата на Шампионите, екипата на Кристијанштад продолжува да победува во националното првенство.

Поради настапот во најголемото натпреварување, екипата на Кристијанштад порано го одигра 4. коло во шведската лига и на домашен терен славеше против екипата на Карлскрона (27:23), откако на полувреме резултатот беше нерешен 11:11. Еинарсон и Хансон беа најефикасни, постигнувајќи по 5 голови. Ова беше четврта последователна победа за шампионот на Шведска, од кои три се на домашен и една на гостински терен.

Во првото коло од Лигата на Шампионите, Кристијанштад на домашен терен беше поразен од тимот на Брест Мешков. Мечот во сабота се игра во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 17:30 часот.