Рускиот репрезентативец во дресот на Вардар, Сергеј Горбок е успешно опериран во Загреб, по што му претстои период на рехабилитација. Хируршкиот зафат го изведе докторот, Саша Јанковиќ, кој е дел од фудбалската репрезентација на Хрватска.
На својот инстаграм профил, Горбок се заблагодари на докторот Јанковиќ и целокупниот медицински персонал, кој придонесе за успешна операција. Пред русинот е долг период на мирување и рехабилитација, времето ќе покаже кога ќе можеме да го видиме назад на теренот.
После неговата повреда, Вардар експресно реагираше и го донесе Грегор Оцвирк, а на позицијата лев бек ги има уште и Борозан, како и Карачиќ кој може успешно да одговори на оваа позиција.