Боречкиот клуб Вардар покрај сериозната работа во сениорската селекција значајно внимание и посветеност им посветува и на младите црвено-црни надежи. Тие на истите како и на сениорите им овозможуваат опрема, услови и внимание за нивни правилен напредок. Од нашиот клуб за овој племенит ангаржман велат:
Вардар ги следи новите правила на UWW , каде се во воведени и измени во спортската опрема и реквизитите. Ги опремивме како сениорската елита, така и почетниците на нашата школа. Во најскоро време очекуваме и нови лиценцирани “стручњаци“ со кои ќе бидеме во можност да ги поставиме на разни локации и да отвориме нови школи на БК Вардар.