Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тосно шанса за поправување на впечатоците
Тосно шанса за поправување на впечатоците

Тосно шанса за поправување на впечатоците

Вардарци денеска ќе го одиграат четвртиот и последен тест натпревар во Австрија. Попладнево Вардар ќе ги одмери силите со новиот руски прволигаш, тимот на ФК Тосно.

Тосно доаѓа од Русија, оваа сезона избори пласман во првата руска лига. Тимот на Тосно воглавно е составен од домашни играчи, секако има и интернационалци, вкупно осум интернационалци има во овој тим на Тосно. Најпознат странец е украинецот Артем Милевски. Милевски во минатото има настапувано за тимовите на Хајдук, Динамо Киев и тн, овој играч има и 50 настапи за А селекцијата на Украина. Најдобар стрелец на тимот сезонава беше Антон Заболотни, овој играч изминатава сезона постигнал 16 голови на 32 првенствени натпревари.

Натпреварот против Тосно ќе започне со почеток во 18 часот, истиот ќе се одигра во Словенија.