Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Победа за девојките, пораз за момците на Вардар во 2.коло од сениорските лиги
Кошарка! Победа за девојките, пораз за момците на Вардар во 2.коло од сениорските лиги

Кошарка! Победа за девојките, пораз за момците на Вардар во 2.коло од сениорските лиги

Викендов,  машкиот и женскиот кошаркарски клуб Вардар одиграа натпревари од второто коло во првенствата во кои се натпреваруваат. Момците оваа сезона играат во втората по квалитет кошаркарска конкуренција откако лани го загубија прволигашкиот статус, а девојките играат во првата и единствен кошаркарска лига во земјава.

Девојките гостуваат кај екипата на ЖКК Пелистер во градот Битола,  и дојдоа до победа во овој дуел. Тие како и минатата сезона триумфално минаа низ Битола. Црвено-црните девојки однесоа победа со девет поени предност, тие беа подобри од  “зелено-белите“ со резултат 57-66.
Момците во 1.коло  стартуваа со огромна победа во Струга кај тимот на КК Црн Дрим со резултат 118-59. Во второто коло гостуваа кај екипата од Скопје, КК Водњански Лисици. На овој натпревар црвено-црните претрпеа пораз со само седум поени. Тие беа поразени во овој скопски дуел со резултат 79 – 72, во следното третто коло тие се домаќини на тимот на Карпош Соколи кој по две кола има два трумфа во лигата.