Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Милано и Вардар одиграа без победник, на првиот 1/4 меч од купот на Македонија
Милано и Вардар одиграа без победник, на првиот 1/4 меч од купот на Македонија

Милано и Вардар одиграа без победник, на првиот 1/4 меч од купот на Македонија

Денес во Куманово се одигра првиот натпревар во рамките на четвртфиналето од купот на Македонија, кај генерацијата родени “2004“ година, на кој се сретнаа екипите на Вардар и Милано. Натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1, што значи дека избраниците на Кралевски имаат поволен резултат пред реваншот во Скопје.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гигов, Анчевски, Јаневски, Љушев, Милошевски, Павлески, Серафимов, Попов, Хајдари, Гуџуфи, Г.Стојановски.

23140575_932703850210732_1173765601_n

По првото полувреме екипата на Вардар имаше водство од 0:1, но во вториот дел домашната екипа го израмни резултатот. Стрелец на единствениот гол за црвено-црните беше повратникот во екипата Георг Стојановски, кој ги пропушти последните неколку натпревари во лигата поради повреда, но во вистински момент се враќа да му помогне на тимот. Домашниот тим го израмни резултатот со гол од слободен удар, каде топката помина преку живиот ѕид и го совлада Гигов. Вардар имаше неколку добри шанси да триумфира, но тешкиот терен за игра си го направи своето.  Ова беше натпревар и на првите две пласирани екипи во регионалната -скопска лига, каде Вардар е лидер на табелата со максимален број на освоени бодови.