Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардар денес го почнува 3.круг во МКЛ како домаќин на КК 18 Август
Куглање! Вардар денес го почнува 3.круг во МКЛ како домаќин на КК 18 Август

Куглање! Вардар денес го почнува 3.круг во МКЛ како домаќин на КК 18 Август

Минатиот викенд се коплетираше  2.круг во Македонската кугларска лига. Избраниците на Драги Димитровски  по крајот на вториот круг  заврши како второпласиран со 14 бода зад лидерот екипата на шампионот КК Макпетрол која има 20, и пред КК ГТЦ Мусандра која има два помалку односно 12 бода. Денеска црвено-црниот кугларски колектив тргна со последниот трет “чин“ во оваа сезона 2016/2017.

Вардарци стартуваат во треттиот круг со натпревар против екипата на  КК 18-ми Авгаст, мечот ќе се одигра денес 23/03/2017 година, четврток. Овој натпревар ќе го играме како домаќини, екипата на 18-ти Август ќе ја пречекаме во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар Скопје. Јуниорските екипи на КК Вардар и нашиот денешен противник ќе почнат со натпревар во 17 часот и 30 минути, сениорскиот дуел стартува половина час подоцна, односно во 18-00 часот. Вардаровите куглари по воведните два порази годинава нанижаа три успеси, денес тие се фаворити и ќе атакуваат на четвртата победа по ред оваа сезона против тимот кој е предпоследен со четири освоени бода во изминатите десет првенствени кола во МКЛ. Во првиот дуел сезонава со овој противник како домаќини победивме со 7-1 , во вториот дуел како гости победивме исто така високо со 2-6. Во вториот меч покрај сениорите и  јуниорите одиграа меч, тие триумфираа 0-4 или во сетови однесоа победа со 1-7.