Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Нов натпревар за РК Вардар 2 против Текстилец, овој пат во рамките на пролетниот дел од првата лига
Нов натпревар за РК Вардар 2 против Текстилец, овој пат во рамките на пролетниот дел од првата лига

Нов натпревар за РК Вардар 2 против Текстилец, овој пат во рамките на пролетниот дел од првата лига

Ракометарите на Вардар 2 викендов ги продолжуваат натпреварите во првата ракометна лига. Во сабота сo почеток од 17:30 во спортскиот рекреативен центар Кале гостува екипата на Текстилец од Штип. Против оваа екипа имавме можност да одиграме веќе два натпревари. Првиот беше во рамките на првата лига во есенскиот дел од сезоната, кога избраниците на Зоран Петковски издвојуваа триумф на гостувањето во Штип со резултат 26:28. Вториот беше во рамките на осминафиналната група од купот на Македонија, каде повторно Вардарци беа поуспешни со резултат 31:23.

Ова ќе биде трет натпревар во пролетниот дел за екипата на Вардар 2, која веќе има две победи. На стартот на овој дел од сезоната бевме подобри на домашен терен од екипата на Струга, додека славевме на гостувањето во Гевгелија против Партизан. Во претходното коло следниот наш противник, тимот на Текстилец издвојува победа против Македонија Ѓ.П со резултат 34:27.

На табелата Вардар сотанува на второто место со 31 освоен бод, само еден помалку од лидерот Младост. Познато е дека првопласираниот во регуларниот дел од сезоната ќе се пласира во најсилната супер лига, додека оној кој ќе биде втор ќе игра бараж со екипата која ќе заврши како претпоследна во супер лигата.