Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар гостува кај Гостивар по “виза“ за завршниот турнир во кошаркарскиот „Лимак Куп“

КК Вардар гостува кај Гостивар по “виза“ за завршниот турнир во кошаркарскиот „Лимак Куп“

Кошаркарскиот машки црвено-црн колектив денес го очекува меч во Купот на Република Македонија. Вечерва играме со лидерот во Втората лига екипата  Гостивар во 19-00 часот во салата „Младост“ во Гостивар.

Овој натпревар  ќе одлучуваат за последниот учесник на завршниот турнир на најдобрите осум екипи во кошаркарскиот „Лимак Куп“ на Македонија. Претходно екипите на КК Гостивар и КК Вардар   во првата фаза од осминафиналето имаа улога на аутсајдери во мечевите  против подобро рангираните екипи на Струмица и Пелистер. Меѓутоа  изненадија и   успеаја да се пласираат во завршниот осминафинален меч од купот.  Екипата на Гостивар   ја доби Струмица со 80:75, а младите кошаркари на Вардар  предводени од Кочов го декласираа убедливо битолски Пелистер со високи 108:54. Како што е познато завршниот турнир од националниот куп ќе се игра од 17 до 19 февруари во салата „Јасмин“ во Кавадарци.