Денес својот 49-ти роденден го прославува легендата на ракометниот клуб Вардар и Македонскиот ракомет, Зоран Петковски или популарниот “Зенга“. Тој е поранешен македонски репрезентативен голман, а долго време од кариерата мина во РК Вардар и како играч и капитен, денес е тренер во младинските категории. Тој моментално е на клупата на најпријатното изненадување по завршување на првиот дел од сезоната во Првата ракометна лига младиот состав на РК Вардар 2.
Редакцијата на Вардар фанс му посакува среќен роденден, здравје, многу успеси во црвено-црниот клуб и создавање на нови вардарци во иднина.