Левиот бек на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ ќе се врати на тренинзите на својот тим, откако се увиде дека повредата здобиена на натпреварот со Мец не е од посериозен карактер. Таа предвреме го напушти теренот, откако го повреди бутниот мускул. Тоа за момент изгледаше загрижувачко, но сепак Вардаровите навивачи можат да здивнат, бидејќи не е ништо сериозно.
Пенезиќ е најдобар стрелец на Вардарки оваа сезона, па нејзиното присуство на теренот е многу важно за составот на Давид Дејвис. Денес се очекува да тренира со екипата и да се подготвува за неделниот натпревар против екипата на Турингер, кој се игра во Германија.