Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати составите и противниците на трите младински ракометни екипи кои ќе играат на турнирот во Зрењанин
Познати составите и противниците на трите младински ракометни екипи кои ќе играат на турнирот во Зрењанин

Познати составите и противниците на трите младински ракометни екипи кои ќе играат на турнирот во Зрењанин

Три младински екипи на ракометниот клуб Вардар ќе се натпреваруваат на второто издание на меѓународениот турнир “Трофеј на градот Зрењанин 2017“, кој ќе се игра во периодот од 10-12-ти февруари

Пионерите на РК Вардар предводени од Андријана Будимир ќе бидат дел од групата Б, во која ќе уште ќе се натпреваруваат екипите на Смедерево, Младост ТСК и Звезда Мокрин. Првиот дуел за нашите надежи е со екипата на Звезда Мокрин.

Тие на турнирот ќе настапат во следниов состав: Леонид Чорогунов, Ненад Ангеловски, Андреј Аспровски, Дамјан Димитријевски, Антонио Пешевски, Давид Савревски, Велимир Грујовски, Никола Жерновски, Бојан Чакалиќ, Борис Павловски, Благој Димчевски, Дамјан Србиновски, Давид Мирчевски, Матео Јанчев, Даријан Петков и Симон Калаџиевски.

Пионерките на РК Вардар под водство на Драгана Ристова и Билјана Пецевска во групата ќе играат со екипите на Јабука и Нов Белград. Во рамките на првото коло играме со екипата на Јабука.

Составот кој ќе отпатува за Зрењанин: Јована Трајковска, Симона Грујовска, Магдалена Насковска, Стефанија Ѓорѓиевска, Андреа Седлоска, Јана Донева, Ана-Марија Коларовска, Сара Миновска, Марија Галевска, Ангела Костовиќ, Ангела Гроздановска, Ива Јаковчевска, Мирјана Петковска, Катерина Дамјановска, Јана Арсова, Ангела Цветановска, Ана Гонзалес.

Младинците на овој турнир ќе ги предводи тренерскиот тандем Чивлачки и Грчевски, а црвено-црните ќе се натпреваруваат во група со Колубара, Јуниор и Војводина. Турнирот го отвараме со меч против Колубара.

Соств на младинците: Марко Кизиќ, Александар Тушев, Васе Наков, Ален Ќосевски, Филип Николов, Благоја Антевски, Марио Миланов, Христијан Милошески, Кристијан Стојановски, Тони Атанасовски, Александар Нанов, Давид Олтовски, Мартин Игнов, Христи Бикоски, Стефан Динев, Мартин Мајсторовски и Кристијан Ангелковски.

Нашите екипи заминуваат во четврток наутро, а натпреварите ќе можеме да ги следиме на линкот ТУКА.