Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Работнички-Вардар низ директен пренос на МТВ, утре во 18-30ч.
КОШАРКА! Работнички-Вардар низ директен пренос на МТВ, утре во 18-30ч.

КОШАРКА! Работнички-Вардар низ директен пренос на МТВ, утре во 18-30ч.

Во среда на програмата во македонската машка кошаркарска лига е новото, третто коло од сезоната 2016/2017. Во истото нашиот црвено-црн кошаркарски машки колектив е гостин, ние гостуваме во салата “Градски парк“ кај најтрофејниот македонски кошаркарски тим во историјата, КК Работнички.

Вардарци се млад тим кoj доби шанса дополнително да биде член на Првата лига оваа сезона. Ние во првиот меч нагости бевме поразени, а во вториот во “Кале“ испуштивме добитен меч со КК Пелистер од Битола. Во утрешниот двобој повеќекратниот шампион на Македонија е фаворит, сепак ние си имаме свои сметки. Вардар сезонава има мисија да даде прилика на многу млади македонски кошаркарски имиња да играат врвна кошарка. Мечот утре ќе можат навивачите на црвено-црните и македонската кошаркарска јавност да го следат низ директен тв пренос на Македонската радио и телевизија. Дуелот почнува во 18-30 часот и од истиот ќе може да се гледа пренос на првиот програмски канал. Како што најавија самите на овој меч од навивачката група “Combat87 Next Generation“ црвено-црните ќе имаат поддршка од трибините.