Вардар со победата над Ренова и “киксот“ на Шкендија со шест бода позитива стана “есенски шампион“. До крајот има уште две кола, првото следно е во среда со Пелистер. Македонското дерби се игра во Битола. Навивачите на црвено-црните Комити Запад излегоа со соопштение во кое најавија одење во Битола, сепак за жал од таборот на зелено-белите стигна неповолна информација. Комити го соопштија следново:
Добивме известување од управата на ФК Вардар, по стигање на допис од управата на ФК Пелистер, дека поради рушење на трибината каде што треба да бидеме сместени, не постојат услови за реализација на гостувањето во с. Битола.
КОМИТИ ЗАПАД !!