Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Одлична полусезона за кадетите на ФК Вардар, борба за титулата во лигата и пласман во полуфиналето на купот
Одлична полусезона за кадетите на ФК Вардар, борба за титулата во лигата и пласман во полуфиналето на купот

Одлична полусезона за кадетите на ФК Вардар, борба за титулата во лигата и пласман во полуфиналето на купот

Одлично второ место за кадетите на фудбалскиот клуб Вардар, по завршување на есенскиот дел од сезоната во првенството. Избраниците на Влатко Колев после 11 одиграни натпревари имаат девет победи, само еден пораз и нерешен резултат. Постигнавме вкупно 33 гола, додека примивме 10. Интересно е што дури четири од натпреварите ги добивме со резултатски пресврт. Подобар старт на сезоната неможевме ни да посакаме, после шест одиграни кола имавме максимален број на освоени бодови, додека најголемиот триумф беше против екипата на Брегалница со убедливи 9:1. Започнавме со триумф против стариот “должник“ од минатата сезона, тимот на Академија Пандев кој го совладавме на теренот во населбата “Јане Сандански“ и тоа со пресврт, откако противникот имаше водство од 0:1, а победата беше уште послатка ако се знае дека цели 55 минути игравме со играч помалку. Следеше гостување во Битола и повторно со пресврт успеваме да го добиеме мечот со Пелистер. Со идентичен резултат од 1:2 и повторно од негатива нашите надежи се враќаа во мечот со Прилепска Победа и ги освојуваа трите бодови. Екипите на Гостивар и Брегалница беа следните кои налетаа на разиграните Вардарци, кои постигнаа вкпно 14 погодоци на овие два меча. Следните два натпревари беа единствените кои во есенскиот дел не успеавме да ги добиеме. Во дербито со екипата на Работнички, кој е лидер и наш најголем конкурент за трофејот бевме поразени со 1:2. Спротивнно на другите натпревари, тука први поведовме но противникот се врати во мечот и со два гола успеа да ги освои трите бодови. Следеше и “незгодното“ гостување против Металург, каде игравме за прв пат оваа сезона со нерешен резултат. До крајот на есенскиот дел успеавме да забележиме три победи и тоа многу важни кои ни донесоа само еден бод заостанување зад екипата на Работнички. За одбележување е “петардата“ во мрежата на ланскиот шампион во оваа генерација, екипата на Шкендија која со пет гола во својата мрежа си замина од Скопје, како и новиот резултатски пресврт на гостувањето во Шкупи. Како “шлаг“ на есенскиот дел беше натпреварот со најдобрата генерација на Ренова, која ја победивме минимално, но доволно за нови три бодови.

Ова се сите остварени резултати за кадетите на ФК Вардар во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Академија Пандев  3:2

2 коло: Пелистер – Вардар  1:2

3 коло: Вардар – Милано   2:0

4 коло: Победа – Вардар  1:2

5 коло: Вардар – Брегалница  9:1

6 коло: Гостивар – Вардар 0:5

7 коло: Вардар -Работнички  1:2

8 коло: Металург – Вардар  1:1

9 коло: Вардар -Шкендија  5:1

10 коло: Шкупи - Вардар  1:2

11 коло: Вардар – Ренова  1:о

Интересно беше и во куп натпреварувањето каде противниците ги добивавме дури после изведувањето на удари од белата точка. Најпрво во осминафиналето ја елиминиравме Шкендија, за во следната рунда на идентичен начин да го “исфрлиме“ и тимот на Шкупи. Тука се играа два натпревари, кои завршија со идентичен резултат од 2:1. На тој начин се пласиравме во полуфиналето на националниот куп.

1/8 куп: Вардар – Шкендија  0:0  ( пенали  3:2)

1/4 куп: Шкупи – Вардар  2:1

1/4 куп: Вардар – Шкупи  2:1   ( пенали  4:3).

Што се однедува до листата на најдобри стрелци во двете натпреварувања, неа ја предводи капитенот Александар Трајчевски кој постигна вкупно 10 голови. Никола Серафимов и Јахија Абдулхади имаат по  6 погодоци.