Овој викенд на програмата беше четвртото коло од првата одбојкарска лига. Во него, нашиот одбојкарски тим на Вардар, по триумфот над шампионот Шутова, овој пат гостуваше во Струмица кај тимот кој оваа сезона е главен фаворит за нов шампион.
Овој натпревар во Струмица за жал нашите одбојкари го загубија со резултат 3:0 (25:13, 25:19, 25:17). По четири одиграни рунди, нашите момци имаат скор од две победи и исто толку порази. Во продолжение можете да ги погледнете сите резултати и табелата после ова одиграно коло.