Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Победи за РК Шампион и РК Кале во машкиот дел, кај генерација 2002/03
Јуниор лига: Победи за РК Шампион и РК Кале во машкиот дел, кај генерација 2002/03

Јуниор лига: Победи за РК Шампион и РК Кале во машкиот дел, кај генерација 2002/03

Во машкиот дел на “Јуниор“ лигата, кај генерација родени 2002/03 година беа одиграни два натпревари. Победи во оваа генерација забележаа екипите на РК Шампион и РК Кале-Кичево.

РК Шампион повеќе од убедливо го доби дуелот со екипата на РК Бисинов. Уште по првото полувреме беше јасно кој ќе излезе како победник на крајот од натпреварот. На почетокот резултатот беше израмнет на 1:1, но до крајот на првиот дел, РК шампион направи серија од неверојатни 1:9 и на полувреме замина со убедлива предност од 2:10. Ништо поразлично не се случуваше ниту во вториот дел, екипата на РК шампион беше таа која доминираше на теренот и го полнеше голот на Бисинов. Серијата погодоци продолжи и во вториот дел кога Шампион постигна четири последователни гола за веќе двоцифрена предност од 2:14. Остатокот од натпреварот беше чиста рутина за екипата на РК Шампион, која се повеќе ја зголемуваше разликата во своја корист. На крајот конелниот резултат гласеше 5:22. Стефан Кочаров постигна 8 гола кај победникот, додека еден помалку или 7 имаше Андреј Јорданов. По два гола кај РК Бисинов постигнаа Илија Димов и Лазар Стојанов.

РК Кале Вардар го доби мечот против РК Урдаревски со резултат 9:12. Екипата на РК Урдаревски го отвори натпреварот со водство од 1:0, но РК Кале врати “експресно“ со четири последователни голови за предност од 1:4. До крајот на првиот дел, Урдаревски ја намали разликата и по првиот дел резултатот гласеше 4:6. И првиот гол во второто полувреме им припадна на Урдаревски за намалување на 5:6, но до крајот на мечот екипата на РК Кале беше многу подобра на теренот. Имаше и четири голови предност 6:10, како и највисоки 7:12. На крајот Урдаревски го ублажи поразот, за конечни 9:12. Кај победникот, Никола Стојчески беше најефикасен со 3 голови, додека кај поразениот тим се истакна Кристијан Мутовски кој исто така беше стрелец на 3 погодоци.