Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар атакува утре на 3/3, домаќини сме на КК 18 Август
КУГЛАЊЕ! Вардар атакува утре на 3/3, домаќини сме на КК 18 Август

КУГЛАЊЕ! Вардар атакува утре на 3/3, домаќини сме на КК 18 Август

Утре ќе се одигра   ново, четврто коло кое викендов е на програмата во Македонската кугларска лига. По два меча едноподруго во гости во ова 4.коло   сме домаќини во кугларницата Мусандра лоцирана во Градскиот трговски центар-Скопје.

 Избраниците на Драги Димитровски го пречекуваат  тимот на КК 18 Август 2016. Тие  по досега одиграните  три кола имаат една победа. Мечот во кој влегуваме како фаворит ќе се игра утре,  5/11/2016 година со почеток во 10-00 часот. Овој тим ни е “старт пациент“ лани лесно се справивме во двете соочувања со овој кугларски колектив. Се очекува повторно двете ударни игли Влаќевски Бојан и Димитар Димитровски да доминираат во нашиот состав по “паузата“ во минатото коло во Битола каде во една тешка куглана за врвни резултати тие имаа солиден настап. На тој меч “мотори“ беа други двајца играчи на КК Вардар. Искусниот Миле Димковски  имаше подобар скор од сите помлади колеги впишувајќи зад своето име 543 “соборени дрва“, а второпласиран во нашиот тим беше Младен Донковски со скор од 526. Идеме на три од три по двете гостински победи кој ги врзавме изминатите два викенда во МКЛ.