Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар против Шкупи во претпоследното коло од есенскиот дел во првенството на младинските фудбалски категории

Вардар против Шкупи во претпоследното коло од есенскиот дел во првенството на младинските фудбалски категории

Во сабота и недела ќе се одигра претпоследното есенско коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник во десеттото коло за Вардаровите екипи ќе биде Шкупи. Пионерските екипи се домаќини, додека кадетите и младинците ќе гостуваат на противникот.

Помладите пионери со бод се вратија од тешкото гостување во Тетово, со надеж дека е пребродена кризата во оваа најмлада генерација на Вардар која се натпреварува во првенството. Утрешниот противник се наоѓа едно место над нас на табелата со четири бода повеќе. Двата натпревари од минатата сезона ги добивме минимално со идентичен резултат од 1:0. Тогаш среќни за нас беа Ибрахим Ариф и Виктор Петкоски. Мечот со Шкупи ќе се одигра во сабота со почеток од 10 часот на теренот во населбата Јане Сандански.

Пионерите на ФК Вардар и покрај поразот против Шкендија во минатото коло, кој беше прв за нив во новата сезона, сепак се задржаа на лидерското место на табелата. Натпреварот во сабота е доста важен за Вардарци со оглед дека за противник го имаат најголемиот и може да се каже единствен конкурент за титулата во лигата. Бодовната разлика помеѓу овие две екипи е само два бода во корист на црвено-црните. Триумф на Вардар би значел одлепување на табелата и есенски шампион по првиот дел од сезоната. Од тука големото значење на овој меч. Минатата сезона победивме на гостувањето во Чаир со резултат 0:1, додека на теренот во Марино одигравме без голови 0:0. За овој важен натпревар во нашиот состав се враќаат репрезентативците Велковски, Стојановски, Антовски и Битиќи. Дуелот на програмата е во сабота со почеток од 12 часот на теренот во Аероддром.

Соочувањето во конкуренција на кадети помеѓу екипите на Вардар и Шкупи ќе биде нивно трето оваа сезона. Двете екипи се сретнаа во четвртфиналето на националниот куп, каде Вардар беше посреќен во пенал рулетот елиминирајќи го тимот од Чаир. Двата натпревари завршија со идентичен резултат 2:1, по што патникот во следната рунда се решаваше по изведување на удари од белата точка. Избраниците на Влатко Колев после убедливата победа против Шкеднија (5:1) во добра атмосфера го очекуваат овој натпревар. Убедливо го добивме противникот минатата сезона, кога славевме убедливо на двата меча. На домашен терен бевме подобри со резултат 3:1, додека на гостувањето на теренот во Сингелиќ триумфиравме со резултат 1:4. Шкупи е една од послабите во оваа генерација, оваа сезона има само 3 победи и 6 порази. Ова е шанса за нашите кадети со триумф да ја прдоолжат борбата за титулата. До пред ова коло заостануваме само три бода зад првопласираниот тим на Работнички. Мечот со Шкупи ќе се одигра во недела на теренот во Пржино од 10 часот.

Младинците и после ова коло ќе се обидат да го задржат стопроцентниот ефект во лигата. Избраниците на Љупчо Марковски имаат максимални 27 бодови по девет одиграни кола. Со триумфот против Шкендија сега бодовната разлика со овој конкурент се зголеми на пет бодови разлика. Вардар има дури 16 бодови повеќе од екипата на Шкупи и на овој меч влегува како фаворит за освојување на трите бодови. Со овој противник минатата сезона забележавме две победи. На домашен терен триумфиравме со резултат 3:0, додека на гостувањето победивме со 0:1. Неделниот натпревар ќе започне од 12 часот на теренот во Пржино.