Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Њу Старс следен противник за Вардаровите генерации “2002“ и “2003“ во регионалната лига
Њу Старс следен противник за Вардаровите генерации “2002“ и “2003“ во регионалната лига

Њу Старс следен противник за Вардаровите генерации “2002“ и “2003“ во регионалната лига

Во недела, Вардаровите генерации родени “2002“ и “2003“ година ќе го одиграат седмото коло во рамките на регионалната скопска лига. Противник ќе ни биде екипата на Њу Старс. Мечевите ќе се одиграат на академијата.

После минималната победа против Милано, избраниците на Петар Ѓорѓиевски ги очекува домашен натпревар против тимот на Њу Старс. Вардар моментално го зазема третото место на табелата со освоени 15 бодови, исто како и екипата на Работнички која има натпревар помалку. Лидер е тимот на Шкупи со 18  бодови, но и меч повеќе од црвено-црните. Неделниот противник високо котира на четвртото место на табелата со 12 освоени бодови. Сепак Вардар е апсолутен фаворит и ќе се обиде да стигне до нови три бодови во оваа лига. Мечот во недела ќе започне од 12 часот.

Генерацијата “2003“ на Томче Трајановски има максимални 18 освоени бодови по шест одиграни кола и се наоѓа на врвот на табелата. Екипата на Њу Старс се наоѓа на петтото место на табелата и има учинок од четири победи и два порази. Нашите надежи се наожаат во одлична форма и влегуваат како големи фаворити во пресрет на овој натпревар. Со триумф би се зацврстиле на првата позиција и би биле поблиску до приматот есенски шампион. Веќе во среда не очекува реванш натпревар од купот, против екипата на Работнички. Мечот со Њу Старс се игра во недела од 10 часот.