Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на Вардаровите ракометари, кои настапија за своите репрезентации во првото коло од квалификациите за ЕП
Преглед на Вардаровите ракометари, кои настапија за своите репрезентации во првото коло од квалификациите за ЕП

Преглед на Вардаровите ракометари, кои настапија за своите репрезентации во првото коло од квалификациите за ЕП

Изминативе два дена се одигра првото коло во рамките на квалификациите за европското првенство во ракомет, кое во 2018 година ќе се одржи во Хрватска. Ракометарите на Вардар беа активни со своите репрезентации во првото квалификациско коло.

Македонија стигна до стартна победа, совладувајќи ја селекцијата на Украина со резултат 27:21. Натпреварот се играше во спортскиот центар Борис Трајковски, на кој Украина подобро го започна мечот, имаше водство од 2:4 и 4:5, но полека нашата репрезентација започна да го фаќа потребниот ритам. Предводени од капитенот Кирил Лазаров успеваме за прв пат да стигнеме до водство од четири голови разлика 11:7. На полувреме имавме водство од 13:10. На стартот на вториот дел, Украина се закани на нашата предност кога намали на два гола разлика, но тоа беше се што успеаа да сторат. Македонија беше поквалитетната репрезентација и на крајот сосема заслужено слави победа од 27:21. Кирил Лазаров постигна 12 гола, додека капитенот на Вардар Столе Стоилов беше стрелец на два погодоци.

Репрезентацијата на Србија направи мало изненадување, совладувајќи ја селекцијата на Полска на гостински терен. Уште од самиот старт нашиот сосед најави дека ќе оди на победа, кога имаше предност од 3:11. Полска немаше одговор за добрата игра на Србија, која ги имаше расположените Ненадиќ и Џукиќ. На полувреме резултатот беше 14:20. Најмногу што намалија Полјаците беше на стартот на вториот дел кога стигнаа до четири гола негатива 18:22. Следеше тајмаут за Србија, по што работите повторно си дојдоа на своеото место. Конечниот резултат гласеше 32:37. Марсениќ и Абутовиќ не се запишаа во листата на стрелци, но како што се пишуваше по срспките медиуми тие го сочинуваа “челичниот“ зид во одбраната на својата селекција. Ова беше деби победа за новиот селектор на клупата на Србија, Јовица Цветковиќ кој најави подобри времиња за репрезентативниот ракомет во оваа земја.

Црна Гора го доживеа најголемиот пораз во својата историја, откако во првото коло од квалификациите беа убедливо порзени и надиграни од селекцијата на Шведска со резултат 36:21.  Домашната селекција имаше почетно водство од 3:0. Во најголем дел од првото полувреме разликата се движеше од 3-4 голови, но во последните две минути, Шведска успева да постигна два гола и да замине на одмор со резултат 14:9. Црна Гора неможеше да ги консолидира своите редови ниту во второто полувреме. Се почуствуваа на терен промените во нивниот табот непосредно пред одигрување на овој натпревар, кога оставка од функцијата селектор даде Љубо Обрадовиќ. Во 45 минута од натпреварот Шведска имаше двоцифрена предност од 24:14. Како се ближеше крајот на мечот, нивното водство се повеќе растеше, за на крајот да биде изразено со плус 15 голови разлика од 36:21. Еединствениот Вардарец во составот на Црна Гора, Вуко Борозан беше најефикасен играч со 5 постигнати голови.

Очекувана победа за Шпанија на стартот на квалификацискиот циклус. Новиот предводник од клупата на “фуријата“, Ривера стартуваше со убедлив триумф против селекцијата на Босна и Херцеговина. Босанците добро го започнаа натпреварот кога имаа водство од 3:4. Од тој момент следи лош период во нивната игра, кога цели 15 минути не успеваат да постигнат гол. Тоа го искористува Шпанија која прави голема серија и поведува со 11:4. По првото полувреме имаа водство од 12:6. Само по девет минути игра во вториот дел, домашната селекција имаше двоцифрена предност од 17:7. Во продолжение од мечот, БИХ успева за момент да ја намали разликата на осум голови негатива, сепак последните минути од дуелот беа рутина за Шпанија, која стигна до триумф од 30:21. Душебаев постигна два гола, додека Кањелас еден. За овој меч во составот не се најдоа Штербик и Македа.

Русија не успеа да ја победи Словачка пред својата публика, играјќи само со нерешен резултат од 31:31. Се играше доста израмнет натпревар, што покажува и на полувреме, кога ниедна од двете селекции немаа водство 13:13. Може да се каже дека Русија “прокоцка“ победа во последната минута од мечот, кога нивниот играч Шелменко доби црвен картон, што значеше и удар од седум метри за Словачка. Тоа го искористи Рабек кој го реализираше ударот, за голем бод на Словачка од ова гостување. Дури тројца играчи на Вардар беа дел од составот на Русија за овој натпревар. Шишкарев го заврши мечот со два погодоци, еден постигна Дибиров, додека Деревен не се запиша во листата на стрелци.