Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Утре вардарци на “мегдан“ со Макпетрол, јуниорите стартуваат први па следува дербито, од мечот ќе има директен пренос- линк на час пред меч

КУГЛАЊЕ! Утре вардарци на “мегдан“ со Макпетрол, јуниорите стартуваат први па следува дербито, од мечот ќе има директен пренос- линк на час пред меч

По краткиот зимски одмор за избраниците на Драги Димитровски, момците од Кугларскиот клуб Вардар  во понеделникот, на  9-ти јануари  тргнаа со зимските подготовки. Првиот тренинг  се одржа во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар Скопје каде до денес постојано се подготовуваше тимот за почетокот на Македонската кугларска лига-МКЛ.

МКЛ за вардарци стартува утре, и тоа веднаш дерби, нагости кај шампионот последниве 15 години по ред во МКЛ силната екипа на КК Макпетрол. Утре, сабота  на 21-ви јануари, на програмата е првото пролетно коло односно 6.коло во МКЛ. Оваа сезона таа има шест учесници и според пропозициите ќе се игра трикружно, односно ќе има 15 кола. “Пумпашите“ во истото ќе не  пречекаат  во кугларницата при   Спорскиот центар “Борис Трајковски“.   Вардар е значајно ослабнат со заминувањето на Бојан Влаќевски еден од ударното дуо на вардаци кој заедно со Димитар Димитровски беше мотор на црвено-црниот тим досега. Мечот почнува во 11-30 часот со средба на два јуниора од Вардар и од Макпетрол. Вардаовите момци, дебитанти  Митиќ Мартин и Љупчо Митиќ ќе имаат “пеколно кртевање“Тие двајца се дел од новиот проект за јуниорска лига во земјава во која од секој тим по двајца играчи ќе настапуваат во истата со цел регрутација на нови играчи во овој спорт и негово омасовување. Јуниорското натпреварување ќе се игра паралелно со сениорските мечеви во лигата. Сепак во 12-00 почнува она вистинското дербито на сениорските состави. Фаворитската улога црвено-црните му ја препуштија на Макпетрол, сепак нашите момци ќе влезат со растеретени глави и со желба за надигрување во дербито.

kugla-makpetrol

 Првпат во историјата на МКЛ ќе може да се следи меч, дерито на Македонија во куглање преку видео стрим. Истото ќе се пренесува на каналот на МОК-Македонскиот олимписки комитет. Утре пред почетокот на мечот на нашиот сајт ќе биде поставен видео стримот за македонското кугларско дерби. Ова ќе  биде голема прилика за пошироката публика да ужива во овоа дерби.