Утре, сабота и задутре, недела ќе се одигра и вториот и последен викенд од зимскиот ракометен турнир “Вардар, еден живот- една љубов”. Минатата недела ги дознавме победниците кај дамите и момците во генерациите родени 2000/01 и 2002/03. Викендов ќе се натпреварува генерацијата 2004/05 како и најмалите родени 2006-2009 година.
Повторно “во погон“ ќе бидат четири сали и тоа во двете на спортскиот центар Јане Сандански, С.р.ц. “ Кале“ и спортската сала на О.У “Круме Кепески“. Во Вардар јуниор лигата во генерацијата 2006 до 2009 екипите играат во мешани тимови, машки и женски и во една иста категорија. На зимскиот ракометен турнир “Вардар, еден живот- една љубов“ овие ракометни надежи ќе играат овојпат во две категории: во првата повозрасните родени 2006 и 2007 година, а во втората најмалите 2008 и 2009 година се разбира повторно во мешан машко-женски состав. Ќе има многу, многу мечеви во оваа категорија така кај генерацијата родени 2006/07 ќе се натпреваруваат дури 26 екипи, апак кај најмалите 2008/09 вкупно 16 екипи ќе учествуваат на овој турнир. Во Јуниор лигата кај нив нема пласман и табели, бидејќи се мали за такво нешто, исто така и на турнирот ќе нема полуфинални и финални натпревари. Сите дечиња ќе бидат победници во оваа категорија. Во вториот натпреварувачки викенд сепак ќе има победници, но кај генерацијата родени 2003/2004 во машкиот и женскиот сегмент. Овде победниците ќе се добијат на сличен начин како и претходниот викенд, односно после одигрувањето во групата ќе се играат полуфинални и финални мечеви.
Распоред за генер. 2006/07: види тука
Распоред за генер. 2008/09: види тука