Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар утре заминува за Анталија

Вардар утре заминува за Анталија

Вардарци денеска го одработуваат и последниот тренинг во Скопје. Од утре целиот тим со стручниот штаб ќе заминат на пат за Анталија – Турција каде ќе се одвива вториот дел и главен од подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната во првата македонска фудбалска лига.

Вардарци денеска како што информираат и од веб – страната на клубот, работат тренинг со посебен акцент ставен на подобрување на физичката  кондиција. Вардарци во Анталија ќе останат се до 11 февруари. На овие подготовки како и што е добро познато, нашите момци ќе одиграат и пет пријателски натпревари со многу силни противници. Првиот натпревар е предвидено да биде одигран на 24.01 против Стеауа Букурешт. Сите натпревари ќе можете да ги следите низ видео стрим.