Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Поранешниот фудбалер на Вардар Здравков е запаметен како човекот кој му „пресуди“ на романскиот Динамо од Букурешт

Историја: Поранешниот фудбалер на Вардар Здравков е запаметен како човекот кој му „пресуди“ на романскиот Динамо од Букурешт

15977845_1396133590427961_3495953962512548558_nГОРДАН ЗДРАВКОВ – Поранешниот фудбалер на Вардар е запаметен како човекот кој му „пресуди“ на романскиот Динамо од Букурешт во меѓусебниот двомеч од рамките на Купот на УЕФА, во сезоната 1985/1986. По поразот од 2:1 на првиот натпревар одигран на гостински терен, Вардар на реваншот во Скопје токму со погодокот на Здравков успеа да дојде до минимален но доволен триумф од 1:0 за пласман во следната рунда.

Гордан Здравков е роден на 26 Април 1959 година во Свети Николе. За првиот тим на Вардар дебитира во сезоната 1981/1982. По едногодишна пауза како стандарден првотимец во дресот со „црвено-црните“ бои, настапува во трите последователни сезони во периодот од 1984 до 1986 година.

За најтрофејниот македонски клуб, Здравков има одиграно вкупно 185 натпревари и постигнато 57 голови.