Следен предизвик за момците на Александар Јованчев е гостинскиот дуел кај тимот на КК Куманово.
Кошаркарскиот тим Вардар има досега седум меча и само една победа во оваа сезона. Ние гостуваме кај тимот кој не совлада оваа есен во “Кале“. Дуелот е закажан за во понеделник, 18.јануари со почеток во 17:00 часот. На мечот во салата „Петро Наков“ во Куманово судиската правда ќе ја делат: Митровски, Лалков и Јакимовски.