Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ и Валчак денес на терените, двајцата вардарци се најдоа во составот на своите репрезентации
Чупиќ и Валчак денес на терените, двајцата вардарци се најдоа во составот на своите репрезентации

Чупиќ и Валчак денес на терените, двајцата вардарци се најдоа во составот на своите репрезентации

Патрик Валчак и Иван Чупиќ денес ќе го имаат својот прв натпревар на СП во Египет.

Селекторите на Полска и Хрватска ги објавија составите за денешните натпревари. Прв противник на Хрватска ќе биде селекцијата на Јапонија, натпревар кој ќе стартува од 18:00 часот. Во составот на Хрватска ќе се најде десното вардарово крило, Иван Чупиќ.

Прв натпревар на мундијалот и за селекцијата на Полска во чиј состав е Патрик Валчак. Вечерва со почеток од 20:30 часот, полјаците ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Тунис. Судиската двојка на овој дуел доаѓа од Македонија, се работи за нашите најдобри судии, тоа се Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.