Со пораз стартуваше Македонија на СП во Египет. Во рамките на првото коло, избраниците на Брестовац доживеаа висок пораз од селекцијата на Шведска изразен со резултат 32:20.
Македонија одржуваше резултатска неизвесност во првите 15 минути, кога не му дозволи на противникот осетно да се одлепи. Откако Шведска поведе со 7:4, ние вративме со серија од три гола и израмнивме на 7:7. До крајот на првото полувреме, противничката репрезентација направи солидно водство од пет гола рзлика, па на полувреме се замина со резултат 16:11
Немавме сили во второто полувреме за нешто повеќе, едноставно Шведска го контролираше резултатот и лесно го пронаоѓаше патот кон нашата мрежа. На крајот не успеавме да избегнеме висок пораз.
Од вардаровите играчи, само Стоилов успеа да се запише во листата на стрелци, постигнувајќи 2 голови. Мишевски играше претежно во одбраната, лош дуел имаше Талески кој е постигна гол, додека Димитриоски имаше таква прилика во последните секунди од првиот дел, но не успеа да погоди.
Во сабота го играме вториот натпревар, противник е домашната репрезентација на Египет.