Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Македонското дерби Вардар-Макпетрол во четврток, истото е меч за престиж бидејќи двата тима веќе ги остварија целите

Македонското дерби Вардар-Макпетрол во четврток, истото е меч за престиж бидејќи двата тима веќе ги остварија целите

Македонската кугларска лига веќе е во последната фаза, зад нас  се одиграните 14 коло од 15 колку што има оваа сезона.  Нашата цел на коло до крај веќе е остварена, избраниците на Драги Димитровски имаше зацртано цел да биде “вице-шампион“ на македонското куглање и ја оствариа. Вардарци завршуваат на втората позиција зад шампионот екипата на КК Макпетрол со кој ќе треба да одиграме уште еден дуел до крајот.
16343828_10210808578322353_990224883_n-660x330-660x330
Натпреварот е меч  за престиж, бидејќи неможе да смени ништо на табелата и пред и по неговиот крај ние сме втори, а “пумпашите“ шампиони на МКЛ. Овој натпревар од 15-то завршно коло во МКЛ ќе се одигра оваа недела. Тој на програмата е задутре, четврток 27-ми април. Истиот ќе се игра со почеток во 15-30 часот. Натпреварот ќе одвива во кугларницата при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Половина час претходно во 15-00 часот на патеките ќе се судрат двата јуниорски тима на Вардар и на Макпетрол. Во првиот нивни дуел оваа пролет црвено-црните дојдоа до триумф.
Јуниорите подготвени за нов триумф!

Јуниорите подготвени за нов триумф!

Следен голем предизвик за црвено-црниот кугларски колектив на домашна сцена е Купот на Република Македонија во куглање. Квалификациите ќе се играат на 6-ти мај, во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар Скопје, куглана која е наш домашен терен.  Истите ќе се одредат најдобрите четири колектива кои идат во идната фаза, тие ќе формираат два полуфинални пара кои на 13-ти мај ќе го играат првиот, а на 20-ти вториот меч од полуфиналето. Подобрите во овие дуели ќе влезат во борба за големиот пехар во ова натпреварување. Финалето годинава е закажано за на 27-ти мај.