Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > БРАВО! Кадетите на КК Вардар во финалето на турнирот во Италија (Видео)

БРАВО! Кадетите на КК Вардар во финалето на турнирот во Италија (Видео)

Кадетите на кошаркарскиот клуб Вардар учествуваат на силен маѓународен кошаркарски турнир во Милано, Италија. Тие вчера успеаа да направат подвиг и да обезбедат пласман во финалето. Тие денес ќе се борат за злато, без разлика на исходот денес најмалку  “сребро“ ќе биде во нашите раце од овој исклучително важен турнир. Нивни противник ќе биде фавориот, Емпорио Армани и бранителот на златото од лани, дуелот ќе се игра вечер во 18-00 часот.

Bчера во полуфиналето играа со фаворитот Блуоаробица Бергамо, нашите момци се издигнаа над овој предизвик и триумфираа за финале. Избраниците на Јованчев Александар однесоа победа со резултат 66-62 во наша корист. Денес тие ќе се сретнат со екипата на Емпорио Армани во големото финале. Тие турнирот го стартуваа со почетната победа над кадетскиот украинскиот кадетски шампион со 75: 66, потоа  беа совладани од италјанскиот вице-првак КК Варасе со 76-65. Сепак момците потоа се вратија во колосек и триумфираа со  КК Виктор Рхо со 115-56, по што обезбедија полуфинале.

k2

Голема беше радоста по победата во полуфиналето над Б.Бергамо и пласманот во финалето на црвено-црните кошаркатски надежи, видео од радоста на нашите момци може да погледнете-ТУКА!