Камила Херем по само една сезона помината во Вардар, го напушта Скопје и се враќа во својата татковина. По нејзина желба договорот е првично прекинат, откако Норвешката репрезентивка требаше да остане уште најмалку една сезона во црвено-црниот дрес. Таа дојде од екипата на Холстебро и до овој момент постигнаа 33 голови за Вардар во лигата на шампионите.
-На барање на Херен, спогодбено е раскината соработката откако таа изрази желба за враќање во татковината. Ние ја почитуваме нејзината одлука и посакуваме успех во кариерата, изјави Давор Стојановски за официјалната страна на клубот.
Вардар на крајот од сезоната ќе биде по потрага за две ракометарки на позицијата лево крило, бидејќи враќање во Словенија најави и Тамара Мавсар.