Wednesday ,09 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Стоилов: Имаме предност и посакуваме пласман на Ф-4, но двата гола позитива треба да ја заборавиме на овој меч
Гонзалес и Стоилов: Имаме предност и посакуваме пласман на Ф-4, но двата гола позитива треба да ја заборавиме на овој меч

Гонзалес и Стоилов: Имаме предност и посакуваме пласман на Ф-4, но двата гола позитива треба да ја заборавиме на овој меч

Нашиот шампион РК  Вардар се подготвува за реванш четвртфиналниот натпреварот против германски Флензбург во ЕХФ машката ракометна Лига на шампиони. Пред нас е голема прилика за  историски пласман на завршниот  турнир. На денешната прес коференција кормиларот на вардарци, шпанецот Раул Гонзалес на новинарите за овој дуел им изјави:

Ова е второто полувреме од четврт-финалето на ЛШ. Имаме два гола разлика, но треба да ја заборавиме оваа ситуација. На првиот натпревар сѐ беше добро за нас. Но Флензубрг е добра екипа и за нас беше многу тешко второто полувреме. Ние сега имаме притисок, но со помош на публиката се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. Сакаме да се пласираме на Ф4, но можеби Флензбург нема да игра како што одигра дома. Пред три години Фленсбург одигра одлично во Скопје. Мора да се фокусираме на натпреварот како да имаме 0-0, мислам дека Флензбург тука ќе постигне повеќе од 24 гола, мора да се надигруваме, а кој ќе победи ќе победи. Арпад Штербик имаше 40 отсто успешни одбрани таму, но мислам дека во Скопје ќе се постигнат повеќе голови. Ние сакаме да ја забрзаме играта. Тие играат агресивно и брзо, тоа е така секогаш. Нашите ракометари се подготвени, но можеби нашиот голман нема да биде на исто ниво, па работите на терен ќе бидат различни. Јас имам доверба во мојот тим, цела сезона тренираа и сега е моментот кој треба да го искористиме-изјави Гонзалес.

На прес конференцијата  свое мислење изнесе и капитенот на црвено-црните. Пикерот на вардарци  Стојанче Стоилов за мечот кој е најголема шанса досега за пласман на завршниот Ф-4 турнир во ЕХФ Лигата на шампионите изјави:

Не очекува натпревар против Флензбург за Ф-4. Двата гола предност не треба да не опушта, бидејќи ракометот како игра може се да се смени во брзо време. Подготвени сме, се надевам дека нема да разочараме. Долго време го чекаме тој Ф-4, ова е шанса да се пласираме пред нашата публика и да се израдуваме и да се наградиме самите себеси за досегашни настапи. Не треба многу да размислуваме за противникот, треба добро да се подготвиме самите себе-  изјави Стоилов.