Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Макпетрол не совлада во дербито без резултатско значење, браќата Димитровски поентираа, Димитар повторно покажа дека е бр.1 во МКЛ

Куглање! Макпетрол не совлада во дербито без резултатско значење, браќата Димитровски поентираа, Димитар повторно покажа дека е бр.1 во МКЛ

Вчера  во кугларницата при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. се одигра мечот од последното 15.коло во Македонската кугларска лига помеѓу домаќинот КК Макпетрол и нашиот црвено-црн кугларски тим. Натпреварот беше дуел без никакво резултатско значење за двата тима, бидејќи неможеше  да смени ништо на табелата и пред и по неговиот крај ние сме втори, а “пумпашите“ шампиони на МКЛ. Овој дуел припадна на Макпетрол кој триумфираше со 6-2 во поени.

Димитар Димитровски најдобар поединец на овој дуел!

Димитар Димитровски најдобар поединец на овој дуел!

Пумпашите триумфираа со 14 према 10 во сетови, односно тие соборија 3485 “дрва“ наспроти соборените  3389 на црвено-црниот тим. Поени за нас освоија браќата Димитровски, Димитар и Дарко. Интересен факт е доминацијата на ова кугларско семејство во македонското куглање, бидејќи нема таков пример друг во лигата. Покрај двајцата браќа од кој мора да нагласиме дека Димитар е број еден во македонското куглање, на кормилото на црвено-црните е и тренерот Драги Димитровски нивниот татко. Тој е “кугларски Мурињо“ односно најквалитетниот и најсестраниот тренер во лигата кој создава квалитет, тоа покрај во првиот тим се огледува и кај јуниорите каде за кратко време создаде нов квалитет. Димитар Димитровски покажа дека е број еден тој  се судри на патеката број еден со најквалитетниот играч на “пумпашите“  Виктор Николовски. Двајцата покажаа добро куглање на патеките, епски дуел на двајца навистина квалитетни момци. Сепак Димитар за нас сосема очекувано дојде до победа со 3-1 во сетови и покажа по којзнае кој пат вонсериско играње на патеката.  Тој покажа дека е број еден и имаше најдобар скор на целиот меч, тој собори фантастични  639 “дрва“, неговиот опонент отиде на високи 594 за негова жал беше поразен бидејќи со ваков скор против било кој друг куглар ќе однесеше триумф, но не и со Димитар. Покрај ова поен освои и братот на Димитар, одличниот Дарко Димитровски тој со 559 “дрва“ го освои вториот поен за вардарци на вчерашниот дуел со шампиониот. Покрај нив одличен скор имаше и Младен Донковски кој собори 570 “дрва“ и за влакно не успеа да освои поен иако одигра 2-2 во сетови. Влатко Стојановски беше солиден со 558, а Поп Крстев имаше 546 “соборени дрва“. Играше уште М.Згонц кој впиша зад своето име 517  соборени “чуња“.

d4

Со овој натпревар се оконча и оваа сезона во Македонската кугларска лига 2016/2017, по крајот на истата може да кажеме дека има место за задоволство. Посакавме се боревме и успеавме да бидеме втор тим зад Макпетрол екипа која има сериозна организациона и финскиска конструкција со која доаѓа до титулата во домашната лига. Следен предизвик за нас е Купот на земјава кој стартува со квалификациите веќе идната недела.

Јуниорски дуел!

Јуниорски дуел!

Пред сениорите натпревар одиграа и јуниорските екипи на “пумпашите“ и на КК Вардар. Во овој дуел победа остварија домаќините со 3-1 со што се изедначивме во бројот на победи во меѓусебните дуели. Во првиот дуел нашите момци дојдоа до победа над врсниците од Макпетрол што е одличен скор 1-1 во дуелите ако се земе во предвид дека и на двата дуели игравме в гости во куглана во која младите макпетролци тренираат постојано.

d5