Велат многу е лесно кога покрај голот имаш одличен голман каков што е Арпад Штербик. Нашиот голман повторно беше играч број еден. Штербик и на двата четвртфинални дуели покажа и докажа дека е во одлична форма и покрај годините.
На Вардар и одбраната на Вардар им е многу лесно кога маестро Арпад има над 10 успешни одбрани. Нашиот голман на дуелот во Германија беше прво име со 16 успешни одбрани. Вчера исто така беше одличен, за нешто повеќе од 50. минути минати на теренот, Штербик успеа да одбрани 11 топки. Се на се, одлични две партии на голманот на Вардар. Очекуваме неговата форма да расне како се наближува крајот на сезоната.