Вчера уште пред почетокот на реванш натпреварот во четврт-финалето од ЛШ, ЕХФ ги објави номинациите за изборот на Ол-стар тимот во оваа сезона во ЕХФ Лигата на шампионите. Во номинациите има место за тројца вардарци. Русикиот репрезентативец Тимур Дибиров е номиниран на позицијата лево крило, шпанскиот репрезентативец во нашите редови Алекс Душебаев е номиниран за најдобар десен бек позиција каде е номиниран и Кире Лазаров капитенот на Македонија и играч на Барселона. Покрај нив столбот на нашата одбрана Илија Абутовиќ ќе конкурира за најдобар дефанзивец. Според пропозициите гласањето за најдобриот состав на сезоната ќе заврши пред почетокот на Ф-4 турнирот во Келн, односно ќе се гласа се до 30 мај, за нашите момци може да гласате- Тука