Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Пелистер гостин во Кале, шанса за втора победа на црвено-црните
Кошарка: Пелистер гостин во Кале, шанса за втора победа на црвено-црните

Кошарка: Пелистер гостин во Кале, шанса за втора победа на црвено-црните

КК Вардар по пет кола во сениорската кошаркарска Прва лига има четири пораза и една победа. Во рамки на викендов, кога ќе се игра шесттото коло коло имаме прилика да дојдеме до втора победа оваа сезона.

На црвено-црните им гостува тимот на КК Пелистер од Битола, екипа која има идентичен скор досега и која со квалитетот е ривал за надигрување. Момците на Радуловиќ ќе ги пречекаат зелено-белите, утре (сабота 16/11/2019) во малата сала при Срц „Кале“.   Натпреварот кој е закажан со почеток во 17-00 часот ќе го судат следните арбитри:  З.Митровски,  А.Давидов и  Р.Јанков .