На програмата во втората кошаркарска лига овој викенд е 17.коло од истата. Во ова коло црвено-црните избраници на Александар Јованчев се домаќини.
КК Вардар на домашен терен ќе ја пречека екипата на КК Струмица во дуел во кој е фаворит за победа. Натпреварот е закажан за недела (13.март) со почеток во 15-00 часот. На дуелот кој ќе се одигра во малата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје за судии се делегирани: Б.Антовски , Д.Зафировски и К.Кестев.