Вардар го победи Елверум, за крај на групната фаза во Лигата на Шампионите. Дибиров продолжува со своите потези да ги воодушевува навивачите. Така беше и на вчерашниот натпревар против екипата на Елверум.
Русинот погоди со „пируета“ од позиција на пикер, во моменти кога Вардар беше во налет и ја зголемуваше разликата. Мајсторијата на Дибиров можете да ја погледнете на линкот, ТУКА.