Младинската кошаркарска лига М16, години ќе има нов шампион. Екипата на Вардар која ја бранеше таа тутула беше совладана во полуфиналето од завршниот турнир, на домашен терен во малата сала “ Кале”. Подобри од нас вчера беа момците од Партизан Мултишпед предводени од Тони Симиќ , кои со подобра игра во текот на целиот натпревар, стигнаа до голем триумф (87:74), и место во финалето.
Останува да се бориме за бронзата на овој завршен турнир. Денес играме за трето место против екипата на МЗТ Скопје- Аеродром која беше поразена во другото полуфинале вчера, овој натпревар е закажан со почеток во 15-00 часот.