Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Симовски со подмладен состав на Медитеранските игри, на списокот се најдоа младите вардарки Мицевска, Николиќ и Гичевска
Симовски со подмладен состав на Медитеранските игри, на списокот се најдоа младите вардарки Мицевска,  Николиќ и  Гичевска

Симовски со подмладен состав на Медитеранските игри, на списокот се најдоа младите вардарки Мицевска, Николиќ и Гичевска

Покрај момците на  Медитеранските игри во Тарагона-Шпанија   ќе игра и женската сениорска репрезентација. Истата ќе има изменет  составот во однос на  списокот за  натпревари во квалификациите за Европското првенство во Франција.

Селекторот и тренер на Вардар, Симе Симовски во составот ќе има неколку од младинските репрезентативки  пред се од црвено-црните редови  за кои ова ќе биде големо искуство.  На списокот се младите  голманката Јована Мицевска, бековите Милица Николиќ и Леонида Гичевска од вардаровиот состав.

Остантите повикани се: Марија Тасевска, Елена Георгиевска, Душица Георгиевска, Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Јована Саздовска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Теодора Керамичиева, Дајана Јовановска и  Александра Боризовска. Македонија ќе тренира во Охрид пред заминувањето за Шпанија. Таму ќе  се работи од 16 – 20 јуни, а на 21 јуни се заминува за Тарагона на Медитеранските игри. Во нашата групата се селекциите на:  Србија, Турција,  Црна Гора и Египет.